Руската амбасада реагира на изјавата на Груби за „евроазиските сили“

by fokus 19:20
19:20

Од Руската амбасада во Македонија денеска преку соопштение реагираат на изјавата на Артан Груби од ДУИ, носител на листа во првата изборна единица за влијанието на, како што рече, некои евроазиски сили во Македонија, дадена во предизборната дебата на телевизија Алсат-М.

Во сооопштението се наведува дека е симптоматично што Груби не навел никакви конкретни факти кои би ја поткрепиле неговата теза, туку само се повикал на некои неименувани „политички истражувања“.

- Advertisements -

„Мислам дека со истиот успех човекот би можел да даде изјава на пример за поткопувачки активности во Македонија од страна на вонземјани или пак на некои мистични сили“, стои во соопштението.

Од Руската амбасада наведуваат дека „ ваквите небулози имаат за цел исклучиво да го оттргнат вниманието на граѓаните од вистинското мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на извесни западни држави кое се случува веќе повеќе години“.

Поврзани новости