Заев: ЕУ да испорача, за да нема нон-пејпери

by fokus

Ако испорачуваме и Европа мора да испорачува, затоа првата порака е таа – да продолжат процесите, заради тоа што во спротивно се развиваат нон-пејпери и дискусии за нови етнички граници, а тоа, знаат и децата, е можно само со пушки и со оружје, вели премиерот Зоран Заев.

-Не ни треба тоа, 21 век е – вели Заев за Еуроњуз Албанија, додавајќи дека тој сериозно верува дека, ако Европската Унија затајува и ги забавува процесите, се создава плодна почва за стратегии кои ќе се развијат во нешто непосакувано.

Тој посочува дека национализмот и шовинизмот го има насекаде во светот, но, како што истакнува, на Балканот е видлив.

-Сите ние имаме посебно национално чувство и топлина во нашите гради, но сите ние сме должни да им оставиме на децата европска иднина затоа верувам во онаа обединетост на различностите што е симболот на ЕУ – порача македонскиот премиер.

Поврзани новости