326
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски работат на уништување на соживотот во Македонија, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, најавувајќи го последниот пакет разговори од денешната „бомба“.
– Власта перфидно, зад маските, зад кулисите, ја загрозува нашата заедничка иднина – изјави Заев, повикувајќи го Груевски да престане преку неговата пропагандна машинерија да ја обвинува опозицијата дека работи против соживотот.
Од разговорите што тој ги објави може да се чуе како високи владините функционери, а најмногу веќе поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, со погрдни зборови ги ословува Албанците и им лепи навредливи квалификации, па дури и говори за конечно расчистување со нив.