Заев: ДУИ нека излезат од власта за да докажат дека не се соучесници

by Фокус

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска по објавувањето на најновата „бомба“, одговарајќи на новинарско прашање за шпекулациите дека СДСМ и ДУИ имаат договор, рече дека тој веќе објавил „бомба“ за криминалот на најголемата албанска партија. Заев посочи и дека ДУИ е соучесник во власта на Никола Груевски.

-ДУИ не мора да чека Груевски да го направи потегот, нека докажат дека не се соучесници, нека излезат од власта и Груевски веднаш ќе падне, порача Заев негирајќи ги сите шпекулации дека има склучено некаков договор со Али Ахмети.

Што се однесува до продолжувањето на преговорите во среда во Брисел, претседателот на СДСМ рече дека ако не се догвори каква влада ќе ги организира предвремените избори, ништо од договорената рамка не важи. Уште еднаш напомена дека за нив не е прифатливо изборите да ги организира Никола Груевски.

 

 

Поврзани новости