Хан и Заниер разговараа за чекорите за надминување на кризата во Македонија

by Фокус

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер и Комесарот на ЕУ за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан, денеска оствариле средба на која разговарале за состојбите во Македонија и за следните чекори потребни за брзо надминување на актуелните политички тензии.

-Слободни и фер избори се од витално значење за зацврстување на демократските процеси во земјата. Очекувам дека Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) повторно ќе биде вклучена со полн капацитет во набљудување на изборите, особено во овој клучен период, истакнал Заниер.

Истакнувајќи дека конечниот извештај на ОДИХР за набљудување на предвремените парламентарни избори во 2014 година посочи на голем број недостатоци, Заниер подвлекол дека е потребно надлежните институции во земјата целосно и итно да ги спроведат препораките на ОДИХР за изборниот процес, се вели во соопштението од ОБСЕ за денешната средба.

Заниер и Хан се согласиле дека одржувањето на предвремени избори до април 2016 година, како што беше договорено минатата недела од страна на лидерите на земјата, ќе биде важен чекор кон нормализација на состојбата.

Поврзани новости