Државата денеска платила 838.000 вакцини против ковид

by Фокус

Премиерот Зоран Заев на гостување на Телма рече дека денеска државата платила за набавка на 838 илјади вакцини против Ковид-19.

– Денес на Влада помина обезбедувањето на гаранцијата која по пат на јавна аукција ја понудија повеќе банки. Победи Комерцијална банка со најниска провизија за останатите седум ипол милиони евра кои ќе треба да ги доплаќаме кога ќе стигнат вакцините. Организирани се и најмалку девет фирми кои ги имаат обезбедено сите услови за чување на вакцините – рече Заев.

Инаку, здравствениот систем веќе се подготвува за вакцинација, а први ќе се вакцинираат здравствените работници, војската и полицијата.

Поврзани новости