Заев: Денеска го гледав видеото на Борисов и неговата посветеност, во тоа гледам надеж

by fokus

Ние денеска пишуваме историја, за да ја потврдиме сегашноста и да ги изградиме контурите на нашата европска иднина. Да им оставиме на нашите генерации повеќе отколку што имаме ние, затоа сакаме да ги оставиме вратите отворени за решение, затоа што ние сме градители што градат мостови и  такви ќе останеме, без разлика на горчината со која се соочуваме, рече премиерот Зоран Заев, во интервју за ТВ Телма, на прашањето што треба да се очекува како идни чекори после ветото на Бугарија.

-Ние остануваме фокусирани да најдеме решение. Ја чувствувам горчината на народот, но мене ми припаѓа да ги решавам тешките прашања на нашиот пат до ЕУ. Да не заборавиме, за време на бугарското претседателство со ЕУ го вратија фокусот на тоа што го определува членот 2 од нашиот Договор за пријателство и соработка. Цел Самит беше посветен на  нашите аспирации. Денеска го гледав видеото на Борисов. Тоа е Бојко Борисов. Тоа е неговата посветеност и во тоа јас гледам надеж дека час поскоро треба да го решиме спорот со  Бугарија, без оспорување на нашите идентитетски определби“, рече премиерот Заев и додаде дека останува и посветеноста за соработка со земјите-членки на ЕУ од кои во наредниот период ќе побараме експертиза и помош за одделни области, за да ја донесеме Европа дома.

Поврзани новости