Заев: До крајот на август ќе ги добиеме сите 119 илјади вакцини од ЕУ

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес конференција со еврокомесарот Оливер Вархеји и се заблагодари на ЕУ за помошта која и ја дава на Македонија. Денеска пристигнаа 4.850 Фајзер вакцини, а сите 119.123 вакцини обезбеди од ЕУ ќе стигнат до крајот на август.

-Денеска имаме да соопштиме уште една добра вест. Пристигнаа првите количини од одобрените 119.123 Фајзер вакицни кои ЕУ ги обезбеди како помош за Македонија. Преку оваа програма за поддршка за Западен Балкан координирана од Австрија, пристигна првата испорака од 4.850 вакцини. Денеска добиваме и 4.850 вакцини набавени преку директен договор со Фајзер. Сите 119.123 ќе пристигнат до крајот на август. Од денеска влегуваме во обемна вакцинација на населението. Апелирам до сите граѓани, пријавете се за вакцинација. Со вакцинацијата очекуваме да ја промениме епидемиолошката слика и полека да почнеме да постигнуваме колективен имунитет. Паралелено со масвоната вакцинација да продолжиме со почитување на другите мерки, се додека Комисијата за здравство не донесат други одлуки, порача Заев.

Поврзани новости