Вархеји: Ова е подарок за нацијата на Северна Македонија, се грижиме за Западен Балкан

by fokus

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска во салата „Борис Трајковски“ по предавањето на вакцините од ЕУ порача дека не било лесно да обезбедат вакцини и додаде дека продолжат да се грижат за Северна Македонија и за Западен Балкан.

-Ова е добар ден за Западен Балкан и мора да биде прекрасен ден за Северна Македонија. Конечно успеавме да обезбедиме вакцини. Ова не беше лесно и работевме многу со австриската влада за ова да се случи и да ви покажеме дека се грижиме. Ќе продолжиме да се грижиме за Северна Македонија и за Западен Балкан. Се надеваме дека ќе успееме и да ви помогнеме и да ја завршите вакцинацијата. Ова е подарок за нацијата на Северна Македонија за да победи пандемијата што е можно побрзо. Се надевам дека сите ќе се вакцинираат брзо и дека во првите два месеци целиот здравствен персонал ќе се вакцинира, рече Вархеји.

Поврзани новости