Заев: Денови се пред нас, попладне ќе знаеме за вакцините од Кина

by Fokus 12:12
12:12

Денеска почна со функција сајтот за пријавување за вакцинација против Ковид-19 во Македонија, а премиерот Зоран Заев порача дека попладне ќе се знае за точното пристигнување на вакцините од Кина.

„Може и утре да стигнат вакцините, но не е сигурно. Денеска ќе дознаеме попладне. Тоа ќе биде процес, за да може да се испланира пакувањето на сите овие 200 илјади вакцини. Денови се пред нас. Системот ни е целосно подготвен. Да ја примиме вакцината, за да можеме да го стекнеме имунитетот“, истакна Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости