658
Денеска почна со функција сајтот за пријавување за вакцинација против Ковид-19 во Македонија, а премиерот Зоран Заев порача дека попладне ќе се знае за точното пристигнување на вакцините од Кина.
„Може и утре да стигнат вакцините, но не е сигурно. Денеска ќе дознаеме попладне. Тоа ќе биде процес, за да може да се испланира пакувањето на сите овие 200 илјади вакцини. Денови се пред нас. Системот ни е целосно подготвен. Да ја примиме вакцината, за да можеме да го стекнеме имунитетот“, истакна Заев.