Заев денеска на средба со тројцата европратеници

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе се сретне со делегација на европарламентарци предводена од Џани Питела, претседател на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.

Во делeгацијата од европарламентот, покрај Питела, се и Кнут Фленкенштајн, потпретседател на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент и Ричард Ховит, европратеник.

Средбата со европарламентарците ќе се одржи во седиштето на СДСМ, а веднаш по средбата, во 15:00 часот, пред седиштето на СДСМ, Заев и Питела ќе дадат изјави за медиумите.

Поврзани новости