Романскиот премиер поднесе оставка после масовни демонстрации

by Фокус

Романскиот премиер Виктор Понта си поднесе оставка од функцијата после масовните демонстрации во главниот град, каде протестантите барале тој да го напушти премиерското столче, откако во петокот, во пожарот кој се случил во клуб во Букурешт загинале 32-ца луѓе.

– Го враќам својот мандат на премиер и поднесувам оставка, а со тоа и цела моја влада. Се надевам дека со мојата оставка ќе бидат задоволни луѓето кои излегоа на улиците и протестираа -истакна Понта.

Повеќе од 20.000 луѓе протестирале во Букурешт и другите романски градови барајќи негова оставка.

Поврзани новости