Заев денеска ќе се состане со традиционалните коалициски партнери, утре оди на средба со Ахмети

by Фокус

Денеска во 18:00 часот во седиштето на СДСМ ќе се одржи средба меѓу партиите од Коалицијата предводена од СДСМ којашто заеднички настапи на последните парламентарни избори.

Оваа средба меѓу лидерите и претставниците на СДСМ, ЛДП, НСДП и другите предизборни коалициски партнер доаѓа откако Извршниот одбор го овласти Зоран Заев да направи консултации со партиите околу можностите да се постигне договор за консензуален кандидат за претседател на државата.

Заев утре на пладне треба да оддржи средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, додека во следните денови се очекува да се сретне со двете крила на БЕСА предводени од Африм Гаши и Биљал Касами, како и со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

Поврзани новости