Трајанов бара контрола врз автобусите на ДУРМО-ТУРС: Не може технички преглед да се врши во сопствена станица

by Фокус

По автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 патници, а осуммина се во тешка состојба, неопходна е соодветна реакција од државните институции, смета Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.

Од таму посочуваат дека за да се избегнат ваков вид на несреќи, треба да се направи вонреден технички преглед над сите автобуси на ДУРМО-ТУРС и на автобусите и комби-возилата на другите компании, да се изврши вонреден увид над сите станици за технички преглед од независни експерти и да се спречи судир на интереси така што ист сопственик да не може да врши технички преглед на возила во негова станица за технички преглед.

„Оваа несреќа со катосрофални последици бара и анализа на поставеноста на целикупниот систем во државата од превентивно дејствување, па се до намалување на можните последици. Во оваа насока предмет на анализа треба да биде и системот за информирање, дејствувањето на првата медецинска помош, прифатот и третманот на повредените и расположивите капацитети, дејствувањето на системот за заштита и спасување, на полицијата, јавното обвинителство…“, соопштија од ДС.

Поврзани новости