591
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска за првпат пред Влада ќе „пука“ нова бомба. Тој во Кампот на слободата ќе обелодени нови детали од проектот „Вистината за Македонија“.
На серијалот прес конференции, досега беа објавени повеќе аудио снимки од телефонски разговори кои укажуваат на криминал и злоупотреби во врвот на власта. Од СДСМ велат дека до сега се разобличи вистината за работата на власта, криминалот, изборните манипулации, проектот „Скопје 2014“, бруталните протести пред општина Центар, партиските вработувања, тендерите, сомнителните ДУП-ви и случајот Мартин Нешковски.