Наставниците во недела ќе протестираат пред Министерството за образование и наука

by Фокус 10:48
10:48

Под мотото „Стоп за лошите реформи во образованието“, наставниците од Наставнички пленум во недела ќе излезат на мирен протест пред Министерството за образование и наука. Протестот, според пленумот, е најавен во знак на револт заради отпочнување на екстерното тестирање без да се земат во предвид сите забелешки и напори направени во изминативе месеци да се оспори процесот.

„Овој протест не е да се спречи екстерното. Овој протест е против сите негативни реформи кои ги носи оваа нелегитимна влада! Со овој протест не мислиме да го спречиме екстерното кое стартува за неколку дена, туку да укажеме дека и покрај сите обиди, не најдовме ни еден аргумент кој би ја поткрепил тезата дека екстерното тестирање ќе го подобри квалитетот на образованието“, посочуваат од Наставнички пленум.

- Advertisements -

Поврзани новости