Албанскиот претседател очекува брза и веродостојна истрага за Куманово

by Фокус

-Нашето легитимно очекување е да има брза, целосна и веродостојна истрага за овој настан што го потресе не само Куманово и недолжните граѓани, туку целиот регион и нашите меѓународни партнери, изјави албанскиот претседател Бујар Нишани на самитот на Процесот на соработка на земјите од југоисточна Европа во Тирана, пренесува телевизија Алсат-М.

Тој изрази и сочувство до семејствата на загинатите во акцијата во Куманово и го осуди насилството. Повика итно да се прекине со обидите за претворање на, како што рече тој, оваа нејасна епизода изолирана од непостоечки извор на конфликти во меѓуетнички конфликт и место тоа енергиите да се концентрираат кон решавање на сите прашања меѓу страните со дијалог, вклучувајќи го и целосното спроведување на Охридскиот договор.

Поврзани новости