Избори на 5 јуни нема да има, а денеска сите заедно го креваме својот глас во име на демократијата и слободата, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференцијата откако Иванов соопшти дека не ја повлекува одлуката за аболиција.
-Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, извршен е државен удар, договорот од Пржино е погребен, техничката Влада е укината со поништување на сите одлуки на техничките министри од опозицијата… Груевски и неговата банда прават се за да се заштитат. Власта е брутално злоупотребена. Со сето ова тие покажуваат дека се подготвени за уште една криминална изборна кражба, изјави Заев.
Тој рече дека Иванов денеска потврдил дека не треба ни минута повеќе да остане на фукцијата и ги повика граѓаните на мирни, ненасилни и достоинствени протести.