Двајца демонстранти завршија во домашен притвор

by Фокус

На двајца од демонстрантите кои беа уапсени при завчерашните протести им е одредена мерка домашен притвор во траење од осум дена, соопшти МВР.

Поднесена е кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство во Скопје против Н.А. (30) и Ф.Н. (30) од Скопје, бидејќи за време на потестот „учествувале во толпа при што фрлале тврди предмети, го кршеле инвентарот и извршиле други оштетување на надворешноста и внатрешниот дел на објектот на народната канцеларија на Претседателот на РМ.

Од уапсените 13 лица на протестот на 13 април, против останатите 11 се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка.

Поврзани новости