Премиерот Заев на денешната средба со неговиот бугарски колега, Борисов, истакна дека Европа го препознала заедничкиот ентузајазам со кој на Балканот му се дава нов лик. Заради тоа Скопје и Софија ќе бидат копретседавачи со Берлинскиот процес, што, како што рече, е потврда за добрососедските односи и соработка.
– Северна Македонија и Бугарија им покажаа на Балканот, Европа и светот дека прашањата можат да се решаваат преку разговори, почитување и трпеливост без посредници, изјави Заев.
Во контекст на разговорите за прашањата од историјата, Заев кажа дека досега е постигната согласност и веќе зеднички се чествуваат личности и настани од заедничката историја.
Тој изрази надеж дека двете страни ќе продолжат посветено и без предрасуди да ги решеваат останатите отворени прашања, особено за Гоце Делчев, кој, како што наведе, е личност која ги поврзува двете земји и двата народа.
– Делата на Гоце Делчев можат само да не поврзуаат и во негова чест ќе се поклониме денеска на неговиот гроб во црквата Свети Спас. Продолжуваме да градиме пријателство, добрососедство и соработка зашто тоа им го должиме на сите идни генерации, истакна Заев.