Борисов: И од наш интерес е Македонија да биде во НАТО, треба да се склопуваат пријателства

by Fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов порача дека од интерес на Бугарија е Македонија да влезе во НАТО и дека нашата земја ќе ја има комплетната поддршка.

„Препознавам надворешни сили кои работат против Бугарија. Не знам што имаме ние пакосно направено. И од наш интерес е Македонија да биде во НАТО. Се склопуваат пријателства и треба да имаме просперитет и високи придобивки. Србите се братски народ, а исто така и за Грција. Зошто да рушиме споменици? Во Бугарија има повеќе од 4500 споменици. Овие споменици треба да бидат тука. Ние треба да градиме заедно железнички, а комисиите треба да разберат дека имаат историска задача и да ја остават историјата, за до октомври да се завршат овие теми“, истакна Борисов

Поврзани новости