Албанска нарко-група „падна“ во Италија

by Fokus

Италијанската полиција во акција спроведена во утринските часови уапсила најмалку 17 лица, дел од албанска нарко група, што шверцувала кокаин од Холандија.

Уапсени се во рамки на акцијата „Црн орел“ што ја спровела полицијата од Рим, а во соработка со секторот за борба против мафијата.

Во акцијата запленети се околу 200 килограми кокаин и оружје.

Албанската нарко група дрогата ја продавала на главните плоштади во Рим.

Истрагата продолжува, а веќе уапсените ќе одговараат за меѓународна трговија со дрога и поседување оружје.

Поврзани новости