Заев: Да не му падне на памет на Иванов да аболицира изборни криминалци

by Фокус 20:02
20:02

Да не му падне на памет на Ѓорге Иванов да аболицира изборни криминалци, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев пред велешани попладнето.

– Стотици илјади гласачи се спорни. За тоа Груевски даде оставка. Што мисли Иванов, Груевски не е легитимен, а тој е легитимен? Ѓорѓе Иванов треба да даде оставка и Македонија да добие легитимен претседател на државата кој ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија, повика претседателот на СДСМ пред бројните граѓани – рече Заев.

- Advertising -

Тој додаде дека со срамната одлука Уставниот суд се обидува да ја заштити тесната група на власт за која Специјалното јавно обвинителство отвори истрага за злосторничко здружување за изборен криминал, што го потврдија стотиците илјади фантомски гласачи откриени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и уште повеќе од толку спорни гласачи во Избирачкиот список констатирани од Државната изборна комисија.

 

 

Поврзани новости