Заев: Да ги испишуваме идните настани со политичко помирување, простување и обединување

by fokus

Да почнеме да ги испишуваме идните настани со политичко помирување, простување и обединување, повика премиерот Зоран Заев по средбата со заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер.

Се согласивме дека одлуката на пратениците има историско значење. Таа одлука на пратениците и од позицијата и опозицијата уште еднаш ја потврдија евроатлантската определба за иднината на нашата земја. Пратениците и демократските сили во земјата храбро преземаа одговорност и испишаа историја. Одлуката на пратениците е и поттик да ја отвориме следната страница на убавата историја на нашата земја. Да почнеме да ги испишуваме идните настани со политичко помирување, простување и обединување. Тоа ни е потребно како никогаш досега, рече Заев. 

Поврзани новости