Палмер: 80 гласа „за“ се исторски пресврт за Македонија кон ЕУ и НАТО

by fokus

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека двотретинското мнозинство за потребата од уставни измени се историски пресврт и нагласи дека Македонија како што се движи кон НАТО и ЕУ секогаш ќе може да се потпре на американското пријателство.

-Чест и привилегија е да се биде тука во овој историски момент за земјата. 80 гласа „за“  во насока за поддршка на Преспанскиот договор се историски пресврт и го отвораат патот на Македонија и на македонскиот народ за Европската унија. Премиерот Заев и јас денеска имавме широк разговор за Преспанскиот договор, процесот на неговата имплементација, процесот на приклучување на Македонија во НАТО и ЕУ. Сакам да му нагласам на македонскиот народ и на македонските политички лидери дека на патот кон НАТО и ЕУ, и потоа при евентуалното зачленување во ЕУ, дека ќе можат да се потпрат на пријателството и поддршката од Америка, рече Палмер.

Поврзани новости