Заев: Боксерот Груевски ја нокаутираше Македонија!

by Фокус

Премиерот Никола Груевски се претставува како боксер во ринг, бидејќи се кае што не даде оставка навреме, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев коментирајќи ја изјавата на Груевски дека Заев го очекува нокаут на следните парламентарни избори.

– Во рингот на Груевски од една страна се тој и врхушката на власта, а од другата страна се сите граѓани на Македонија. Со сите овие криминални политики во изминатите 10 години, тој ја нокаутираше Македонија. Нокаутот го гледаме по сите овие повеќе од 600.000 граѓани коишто ја напуштија државата, повеќе од 500.000 граѓани коишто живеат под прагот на сиромаштијата, повеќе од една третина од фирмите кои се со блокирани сметки, а повеќе од 10.000 фирми се затворени во државата. Нокаутот на Груевски го гледаме со сиромаштија на секој чекор, урнисана економија – рече Заев.

Поврзани новости