531
-Одминати се голем дел од разликите во ставовите со ДУИ и блиску сме до договор- изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со Али Ахмети во Мала Речица.
Заев потенцираше дека нема да дозволи промена на Уставот за решавање на јазичното прашање. Вели дека ако не се надминат разликите во ставовите, законот за албанскиот јазик ќе го одложат за шест месеци и ќе организираат јавни дебати.
– Мислам дека и ДУИ неколку пати потенцираше, решенијата се во рамки на Уставот. Ние разговараме за уставноста на решенијата….На крајот или ќе има или ќе нема потписи. Јас сум тој што ги чека потписите, ама Уставот не го чепкаме во никој случај- рече Заев.
Тој додаде дека е оптимист и оти се надева дека овој преговарачки процес набрзо ќе заврши.