-Ако погледнете во агендите на европските комисии ќе видите дека има многу важни состноци. Согласно тоа ги дефиниравме кратките рокови, 25 и 26 јуни е Советот на Европа, убаво е до тогаш да има резултати, ако не, да не се мачиме повеќе. Доколку нема договор, повторно ќе се насочиме на мирни и ненасилни механизми кои ни стојат на располагање, рече денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата на која објави нова „бомба“.
Претседателот на СДСМ вели дека ова не е ултиматум, туку преговорите имале смисла ако ја дадат конечната цел за која се разговара. Тој додаде дека треба да се отвори избирачкиот закон, да се реши за гласањето на дијаспората и за изборните едниници, а според него, тоа не може да му се препушти на Груевски.
Што се однесува до можното вклучување на заменикот секретар на Стејт Департментот, Викторија Нуланд, Заев рече:
-Таа доаѓа во регионот, во посета договорена од пред повеќе од еден месец . Не ја исклучуваме можноста ако има добра намера да се вклучи во процесот, иако кажав дека во следните десет дена да се обидеме, ако не, нема што да се мачиме повеќе.