Европската унија ни вети, ако го исполниме тоа што го бараат од нас, тогаш и тие ќе го исполнат нивното ветување. Разбирам дека некои земји се против, но ние не сакаме веднаш да станеме членка, туку да почнеме преговори, рече премиерот Зоран Заев, во првата сесија од Самитот за Западен Балкан, во организација на „Економист“.
Премиерот посочи дека на оваа вест земјава чека веќе 15 години и потсети дека според европските функционери, Македонија е светол пример во регионот.
-Ако не одлучат позитивно тогаш ќе го казнат најдобриот пример во Европа, а не само на Балканот, поради договорите со Бугарија и Грција, но и она што се случува во државата. Ние сме држава со функционални демократски институции, имаме дијалог со опозицијата, добар пример сме и за другите региони. Она што најмалку може ЕУ да направи е да продолжи да не потикнува – рече Заев.