Заев: Адвокатот Медарски не е вклучен во ништо што е поврзано со „Дијаверум“

by fokus

Адвокатот Медарски не е вклучен во ништо што е поврзано со „Дијаверум“ на никаков можен начин, ниту ангажиран како адвокат, а ниту МВР работело на такви предмети, изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев, одговарајќи на прашање во врска со последните објавени аудио-снимки.

Тој посочи дека му е логично државните инситутции и нивните директори поставени од Владата да соработуваат и во својата комуникација да приложуваат докази помагајќи си едни на други.

Прашан за снимките што се појавија пред неколку часа на интернет на кои е поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев, Заев вели дека непосредно пред да се симне на прес-конференцијата ги погледнал снимките.

– Прво во недостиг на програма, во недостиг на концепт, ВМРО-ДПМНЕ манипулирало во минатото, манипулира сега и ќе манипулира во иднината со лажни вести кои апсолутно граѓаните знаат и да ги насетат. Снимката ја видов и ќе го прашате Ден Дончев да ви каже каде е таа снимка. Втората работа ја слушнав и во аудио разговорот кој е објавен. Едно што знам, секако ќе дадам одговор откога ќе разговарам и со Ден Дончев околу деталите. Вклученост на Медарски кој се спомнува внатре, кој е мој адвокат, многу често ангажиран и од СДСМ, имало во предмет со Тотал ТВ, каде меѓу себе сопственици воделе пријави до полиција и слично и полицијата постапувала со Тотал ТВ, но секако ќе си каже и Ден Дончев, не би навлегувал во вакви лажни, манипулациски пуштања на снимки, вели Заев.

Поврзани новости