Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, сака да постигне подобра регионална соработка на Конференцијата за Западен Балкан што денеска се одржува во Берлин.
На состанокот на министрите за надворешни работи на регионот главниот фокус ќе биде ставен врз напорите за создавање заеднички регионален пазар, а ќе се разговара и за прашањето на енергетска безбедност, вп позадина на руската војна во Украина, појасни портпарол на германското МНР.
На состанокот покрај минисрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, се очекува на ниво на шефови на дипломатии уште да присустуваат Бугарија, Грција, Австрија, Хрватска, Словенија и Чешка.
На земјите од Западен Балкан во 2003 година им беше ветено членство во Европската унија. Оттогаш е направен мал напредок и процесот е закочен.
Таканаречениот формат „Берлински процес“ во 2014 година го иницира тогашната канцеларка Ангела Меркел, на првата конференција за Западен Балкан во Берлин. Форматот има за цел да го унапреди приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.