Заеднички концерт на воените оркестри на Македонија, Црна Гора и Бугарија

by fokus

Во Домот на АРМ вечерва се одржува заеднички предновогодишен концерт на воените оркестри на АРМ, вооружените сили на Црна Гора и на Бугарија.

Министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска порача дека трите армии ја научиле лекцијата.

-2018 беше тешка, но успешна година. Оваа година дадовме нов живот на сонот наречен ЕУ и НАТО. Ова беше година во која Македонија се отвори. Овој концерт покажува дека овие армии ја научија лекцијата. Се надевам дека во 2019 ќе покажеме дека сме европски подготвени. Да живее АРМ и нашето пријателство, рече Шекеринска.

Поврзани новости