Забрзано оди вакцинацијата во Грција

by Fokus

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека денеска ќе биде надмината симболичната бројка на еден милион дози,што значи дека секоја седмица што поминуваа градиме ѕид на имунитет. Тој најави дека од април Грција ќе има на располагање многу повеќе дози, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека наспроти добрите вести за вакцинацијата има и „загрижувачки вести“ поврзани со мутациите, односно британскиот сој, кој преовладува во земјата и брзо се шири, па затоа има зголемување на бројот на нови случаи и притисок врз здравствениот систем.

– На овој напад одговараме со продолжување на зајакнувањето на нашите болници. Пред сѐ во Атика, каде што го имаме најголемиот проблем. А со фактот што рано презедовме рестриктивни мерки, можеме да управуваме со ситуацијата и покрај тешкотиите. Во спротивно, ќе станевме Португалија или Чешка. Од денеска, како што знаете, ја надградуваме одбраната на јавното здравство, правејќи го поефикасно спроведувањето на контролираното движење, истакна грчкиот премиер.

Поврзани новости