Забрчанец: Мицкоски не се избори ниту за интересите на државата ниту за интересите на своите ментори

by fokus

Советникот во Владата за односи со  јавност, Марјан Забрчанец, кој беше дел од протоклот на лидерските средби, синоќа на својот фејсбук профил напиша дека лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, не успеал да се избори ниту за државните интереси, ниту за бараната индиректна амнестија.

„Мицкоски денес не се избори за ништо. Ниту се избори за интересите на граѓаните и државата (членство на МК во НАТО и ЕУ), ниту пак се избори за интересите на менторите и партијата (амнестија)“, пишува Забрчанец.

Спротивно на мислењето кое преволадува во јавноста, Мицкоски по средбата изјави дека ги штител интересите на Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ се избори за клучните барања: Пржинска влада, ДИК и Закон за финансирање на партии. До овој момент не преговаравме и не разговаравме за други теми, ниту за карактерот на референдумот, ниту за евентуалното референдумско прашање“, изјави тој по средбата.

Поврзани новости