Забранети посети на Света Гора

by Fokus

Администрацијата на Света Гора одлучи до крајот на месецот да ја затвори монашката манастирска заедница во Грција за сите аџии во обид да ги заштити монасите од коронавирусот.

Во соопштението до игумените на 20 манастири се наведува дека само одреден број вработени и соработници имаат дозвола да доаѓаат на Света Гора, и тоа само со покана.

Забраната за посетители ќе остане на сила до 30 ноември, кога повторно ќе се разгледа одлуката.

На монасите ќе им биде дозволено да ја напуштат Света Гора со посебна дозвола.

Поврзани новости