Попладнево се одржа марш за зелен Карпош со кој граѓаните побараа стопирање на новите ДУП-ови во општината и кажаа „ДА за паркови, не за згради“.
Маршот започна со блокирање на раскрсницата пред Сити мол, а потоа жителите на Карпош се упатија кон паркот на улица Букурешка во Тафталиџе.
-Конкретно бараме стопирање на постапките за носење на ДУП-овите и спречување на реализацијата на донесените ДУП-ови каде постојното зеленило не е вцртано во планот. Бараме и поништување на тендерите за изградба на згради на зелените површини. Формалното запазување на процедурите при носењето на плановите не е демократија. Наше демократско право е да побараме реална демократија во која нашите барања ќе бидат слушнати и земени во предвид при носење на одлуките на локалната власт“, изјави Сашо Цветановски од инцијативата „Карпош 4“.