МВР истражува кој ги објавил снимките со гатачката

by fokus 21:48
21:48

Министерството за внатрешни работи го гони лицето кое на Јутјуб постираше аудио снимки, во кои наводно се слуша разговор меѓу екс-премиерот Никола Груевски и гатачката вработена во македонската царина.

МВР бара Јутјуб да ги тргне снимките и да открие кој ги објавил. На откривање на неговиот идентитет веќе работи и Секторот за компјутерски криминал заедно со Јавното обвинителство.

Од МВР потврдија дека отвориле истрага, но не сакаа да откријат кој го пријавил случајот кај нив.

Инаку, снимките се уште можат да се најдат на Јутјуб, а досега се преслушани над 150 илјади пати.

Поврзани новости