За утре најавен протест поради нападите на Србите во Косово

by fokus

Политичката партија на српското малцинство во Косово, Српска листа, за утре најави голем јавен протест. Од партијата појаснуваат дека протестот е поради бруталните обиди за убиство на српските момчиња Стефан и Милош Стојановиќ и Стефан Томиќ, но и за континуираната антисрпска репресија на режимот на косовскиот премиер Албин Курти.

Протестот е најавен за утре во 12 часот на платото пред домот за култура во Штрпце.

-Ги повикуваме сите граѓани од цело Косово и Метохија утре да дојдат на овој мирен и демократски протест, да им дадат поддршка на повредените и нивните семејства, но и да го кренеме гласот против тиранијата на Албин Курти, чија последица е заканата од мир и континуираниот прогон на српскиот народ на овие простори, се наведува во соопштението на партијата.

Од партијата додаваат дека овој Божиќ ќе остане запаметен како ден кога Србите повикале на мир, но и ден кога се пролеала невина српска крв.

Поврзани новости