484
Според последните податоци од Министерството за финансии, јавниот долг на Македонија достигнал 4 милијарди и 224 милиони евра кон крајот на декември минатата година или 47 отсто од бруто домашниот производ.
Три месеци порано, односно во септември 2015 година, јавниот долг на Македонија изнесувал 3 милијарди и 941 милиони евра, или 43,9% од БДП. Ова значи дека за еден квартал јавниот долг се зголемил за 284 милиони евра или за 3,1 отсто.
Од вкуниот јавен долг, 2 милијарди и 845 милиони евра се надворешен долг, додека една милијарда и 379 милиони евра се внатрешен долг.