Владата утре со ново задолжување кај домашните кредитори

by Фокус 11:13
11:13

Владата утре ќе позајми 813 илјади евра од домашните кредитори, а тоа ќе го направи преку емитување на државни хартии од вредност. Во новата 2016 година ова ќе биде четврто задолжување на државата.

Владата продолжува со истата пракса, да се задолжува пред секое раздолжување, па така откако утре ќе позајми 813 евра, во среда ќе врати долг со идентична висина.

- Advertisements -

Во 2016 година, одржани се три аукции, преку кои Владата од домашните банки, пензиски друштва, фондови, осигурителни компании и други кредитори се задолжи за 32 милиони евра повеќе од колку што бараше.

Поврзани новости