За три дена нови 180 случаи на корона вирус

by Fokus 14:00
14:00

Во изминатите три дена се направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 153, а починати нема, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни, 29 реинфекции. Евидентирани се 153 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (од 24 до 26.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.078.512 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.540, бројот на оздравени пациенти е 303.648, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 570.

Поврзани новости