Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022) направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (176), регистрирани се 31 реинфекции. Регистрирани сe 275 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022), нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (72г и 83г). Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 25.04.-26.04.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.859, бројот на оздравени пациенти е 301.035, на починатие 9.291, а бројот на активни случаи изнесува 533.