СПЦ повторно и даде на МПЦ-ОА само широка автономија

by Фокус

Соборот на Српската православна црква го прифаќа општопризнатиот канонски статус на Синодот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија доделен во 1959 година и изразува надеж дека СПЦ пратољубиво ќе го решава и ќе го реши конечниот канонски статус, наведено е во официјалното соопштение на СПЦ.

„Соборот на СПЦ го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статусот на најширока можна автономија, односно полна внатрешна самостојност доделена уште во 1959 година. Се воспоставува полно литургиско и канонско општење.

Дијалогот за идниот и за евентуално конечниот статус на епархиите во Северна Македонија не е само возможен, туку е и целисходен, легитимен и реален. Во дијалогот со нивниот иден и евентуално конечен канонски статус, СПЦ ќе се раководи само и исклучиво според ексиолошко-канонски и црковно-пастирски начела и норми, не грижејќи се за реалполитичките, геополитичките, црковнополитичките и други слични факти или за еднострани иницијативи.

Соборот на СПЦ нема намера по решавањето на статусот да ја условува новата сестринска Црква со ограничувачки клаузули во поглед на опсегот на нејзините јурисдикции во матичната земја и во дијаспората“, наведено е во соопштението.

Воедно, и СПЦ соопшти дека се воспоставува целосна литургиска и канонска заедница со Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Највисокото црковно тело, со кое претседава патријархот, а го сочинуваат сите епархиски и викарни епископи на Српската црква, денеска соопшти дека примиле акт од Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.

Во испратениот акт Македонскиот синод „изразува надеж дека СПЦ братски ќе го реши и реши прашањето за нејзиниот конечен канонски статус, по што треба да следи сеправославна согласност и прифаќање на тој статус“.

По добивањето на овој акт, Светиот архиерејски синод, како што се посочува во соопштението, го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност.

„Со воспоставување единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целата територија на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во северна Македонија не само што е можен туку и наменски, легитимен и реален“, се вели во официјалното соопштение.

Поврзани новости