За три дена 27 сообраќајки во Скопје, едно лице почина, шестмина се повредени

by Fokus

За три дена во Скопје се случиле 27 сообраќајни несреќи од кои една со загинато лице, четири со тешки телесни повреди, осум со телесни повреди и 14 со материјална штета, информираа од МВР.

Според полицијата, при сообраќајните незгоди едно лице (пешак) починал, шестмина се здобиле со тешки телесни повреди, додека 11 лица минале со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Покрај ова, 62 возачи се исклучени од сообраќајот: 40 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, 12 возеле под дејство на алкохол и десетмина биле возачи почетници. Исто така, 35 возила се исклучени од сообраќај, и тоа 32 заради тоа што биле нерегистрирани а три поради техничка неисправност.

Поврзани новости