551
СДСМ денеска барањето нови избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ го оцени како обид да се оддолжи и продлабочи политичката криза.
-Демократските процеси се почнати и мнозинската волја на граѓаните преточена во 67 пратенички мандати мора што побрзо да се реализира со формирање нова реформска влада и независни демократски институции. Ако сега не се почитува мнозинската волја на граѓаните, ни по нив нема да се почитува, стои во соопштението на СДСМ.
Од партијата додаваат дека е јасна определбата на граѓаните и дека треба да се дозволи брз и мирен трансфер на власта во Македонија.