ДУИ: Нова реформска влада во духот на Охридскиот договор и владеење на правото

by fokus

ДУИ денеска испрати соопштение со кое ја објаснува вчерашната одлука да биде дел од владата со СДСМ. Велат дека ќе бидат дел до новата влада и од парламентарното мнозинство.

-Освен претходната поддршка изразена преку обезбедување на потписи од 10 пратеници на ДУИ за добивање на мандатот за формирање влада, синоќешната одлука подразбира и означувањето на Демократската унија за интеграција да стане дел од новото парламентарно мнозинство во Собранието на Македонија и избор на нова реформска влада, во духот на Охридскиот Договор и посветена на владеењето на правото и интеграцијата во НАТО и Еворската Унија, се вели во соопштението на ДУИ.

Од партијата додаваат дека оваа нивна одлука за, како што велат, преземање на целосна институционална и владејачка одговорност е во целосна согласност со очекувањата на граѓаните и довербата дадена на сите парламентарни избори уште од 2002 година па се до последните избори.

Поврзани новости