Стејт департмент: Власта во Македонија не го почитува владеењето на правото и ги ограничува слободите

by fokus

Судскиот систем во Македонија го карактеризираат политички мешања, неефикасност, фаворизирање на добро позиционираните личности, пролонгирани процеси, кршење на правото на јавно судење и корупцијата, се вели во извештајот за човекови права во 2016 што денеска го објави американскиот Стејт департмент.

-Пријавени се и физичко малтретирање притвореници и затвореници од страна на полицијата и затворските чувари, лоши услови и пренатрупаност во некои од затворите и психијатриските установи, одложен пристап до правна помош за притворениците и обвинетите, ограничување на правото на Ромите да ја напуштат земјата и да ги добијат уставно гарантираните здравствени, особено гинеколошки услуги, ограничување на пристапот до азил, намалена превенција и заштита на жртвите од трговија со луѓе, семејно насилство кон жените и децата, дискриминација на луѓето со попречености, институционална и социјална дискриминација на Ромите и другите етнички малцинска и на ЛГБТИ луѓето, како и детски труд, вклучувајќи и принудно питачење, се вели во извештајот.

Според извештајот, најзначајните проблеми со човековите права во Македонија произлегуваат од сеприсутната корупција и од неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на правото, вклучително и постојаните напори за ограничување на слободата на медиумите, мешањето во судството, попречувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство, како и селективното спроведување на правдата.

Поврзани новости