Тасева: Непримерно е да му се суди на Заев пред да се истражи случајот „Македонска банка“

Претседателката на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, Слаѓана Тасева смета дека е непримерно тоа што на лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе му се суди за клевета во случајот „Македонска банка“ пред Обвинителството да го истражи случајот. Таа на денешната пресконференција потенцираше дека според актуелниот Закон за заштита од корупција, според членот 19. тужбата на премиерот Никола Груевски воопшто не би требало да биде прифатена.

Конкретниот член вели дека не може да се преземе казнено гонење или да се повика на каква и да е друга одговорност лице што открило податоци што укажуваат на постоење на корупција, меѓутоа Тасева потенцира дека само тој член досега се покажал неефикасен, бидејќи не предивдел никаква процедура за заштита.

Таа ја коментираше и изјавата на јавниот обвинителот Марко Зврлевски во врска со евентуаланта застареност на овој случај. Според Тасева, Зврлевски не можел да формира став според мислење туку врз основа на факти кои се лесно проверливи. Неговата изјава ја окарактеризира како несоодветна!

Звревски во интервјуто за „Утрински весник“  изјави дека се проверува колкава е казната за наведените кривични дела и дека ако казната е една до 10 години, согласност Кривичниот законик, не може да се преземе гонење ако поминале 10 години, бидејќи настапува застареност.

Претседателката на „Транспаренси“ реагираше и на новите промени на Законот за заштита од корупција според кои ќе се воведува категоријата „пријавувач на корупција“ кој би го штитела државата.

За Тасева е неприфатливо пријавувачите на корупцијата да се обврзани да се обраќаат само до Антикорупциската комисија, а сите оние што ќе пријават сомневање за корупција во медиумите, невладините организации, кај Народниот правобранител или во полицијата да не бидат опфатени со законот, односно да не им се нуди заштита.

– Тоа е спортивно на сето она за што се залага овој закон и спротивно на меѓународните стандарди- коментира Тасева.

Исто така, според неа, проблематично е тоа што  предлог-законот не предвидува заштита на оние што ќе пријават корупција во приватиот секотор, туку само во администрацијата.

Поврзани новости