Резултатите од гласањето потврдуваат Ваш голем политички авторитет и доверба на граѓаните. Вие давате значаен придонес за зацврстување на пријателските односи и за заемно корисната соработка меѓу Русија и Македонија, стои во писмото со честитки упатено од претседателот на Русија Владимир Путин до Ѓорге Иванов.
Честитки до претседателот Иванов упати претседателот на Германија Јоахим Гаук, неговиот колега од Турција, Абдула Ѓул, Росен Плевнелиев од Бугарија и од претседателот на Полска Бронислав Коморовски. Писма испратија и претседателот на Чешка Милош Земан, како и Словакот Иван Гашпарович
“Ве уверувам дека Унгарија на меѓународните форуми и во престојните години активно и со искрено убедување ќе ги поддржува напорите на Македонија за европска интеграција и за членство во НАТО. Искрено се надевам дека пречките во поглед на вашето придружување ќе бидат надминати што е можно поскоро и вашите напори ќе доведат до успех“, пишува во писмото со честитки до претседателот Иванов од неговиот унгарски колега Јанош Адер.
Честитки испратија и претседателите на Словенија, БИХ и на Хрватска, Иво Јосиповиќ, Борут Пахор и Бакир Изетбеговиќ, како и српскиот колега Томислав Николиќ и Црногорецот Филип Вујановиќ.
Добиениот втор мандат на претседателот Иванов го честиташе и поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, како и првиот човек на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.